Кратка Историја
Во средишниот дел на источна Македонија, како посебна област се издвојува плодната Виничко - Кочанска котлина. Го зафаќа средниот дел од сливот брегалница. Има околу 870 км и спаѓа во редот на помалите географски целини во Република Македонија. Виничко - Кочанската Котлина е најнаселена и стопански - сообраќајно е исклучително важна област во Источна Македонија. Реката Брегалница, чиј правец на истекување е од североисток кон југозапад, протечува по средината на оваа котлина.
Името Виница за прв пат е документирано во словенските писмени споменици од 16 век. Со обликот Vinica ојконимот (името на населено место) Виница е регистриран во Лесновскиот поменик, чии записи се датирани од 16 век. Потоа неговото име во обликот Виница се спомеува во еден судски (турски) документ од 1619 година.
На тој начин, северозападниот и југоисточниот дел од оваа област се одвојува со оваа река, преку која во секоја прилика не може да се поминува. Тоа било причина за формирање на две посебни трговски и градски средини од кои едната е Виница - југозападниот дел.
Општина Виница, според просторно - географската положба , се наоѓа во Источна Македонија. Го зафаќа југо-источниот дел од Виничко- Кочанската котлина и ридско-планинскиот дел од плодната Плачковица со надморска височина од 301 до 926 метри.
Подоцна Името на градот е регистрирано кај Верковиќ како Виница-Гумно, а во географската карта од 1900 година ојконимот е запишан како Vinica. Во формата Виница, градот е регистриран во студијата на В. Кнчов, а Бранкоф го предава како Vinitza. Административното име на градот е Виница, а така го вика својот град и месното население.